На струмичкиот карневал учествуваа над 2.000 учесници со 41 маска

by Фокус

Низ улиците на Струмица, синоќа на главното дефиле во рамки на струмичкиот карневал, поминаа 41 маски во разични категории, со околу 2.000 учесници од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба – холандските Антили.

Кралската свита, во која беа принцот и принцезата Натка и Орце Спасови, придружувани од Струмичките мажуретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го означија почетокот на карневалот.

Пред да стасаат карневалите пред главната точка за презентација на нивните карневалски креации, група од Германија приреди огнено шоу, потсетувајќи на некогашните времиња на голтање оган и поминување со пламени јазици по телото.

Потоа, маската „Валкири“ на Карневалската група „Мулен Руж“ собра многу аплаузи уште непристигната на платото пред жири комисијата и двете трибини, на кои беа сместени премиерот Зоран Заев, министри, амбасадори, претставници на дипломатски претставништва и гости од земјавата и странство.

Зад нив не заостануваше нуту маската „Тримерски сервис“, впечатлива маска од филџани и ѓезвиња подготвени за Тримерските празници, кои се празнуваат во Струмица во чест на армасаните (верените) девојки.

Покрај нив, внимание оривлекоа и маските „Ламја“, „Радовишките газели“, „Гусари од Зрмања“…

Погледнете ги фотографиите од овој настан на следниот линк.

Поврзани новости