На приемот кај Трамп, Заев и Коѕијас разговарале само за пријателство

by fokus

Лично не сум подготвен да разговарам за идентитетот. Во досегашните разговори меѓу дипломатиите на Македонија и Грција не се отворени суштенствени прашања, се уште се подготвува теренот и се гради довербата меѓу двете земји, изјави премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција по враќањето на македонската делегација од Генералното собрание на ОН.

На бројните средби со грчката делегација, се разговарале за добрососедство меѓу двете земји. На приемот кај претседателот на САД, Донал Трамп, Заев рече дека со Коѕиас разговарале само за пријателство.

За информациите во грчки медиуми дека грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас ги брифирал за слоевите од кои се состои македонско-грчкиот спор, дека се работи за прашање за името, државјанството, идентитетот и кратениците, Заев рече дека не може да ги коментира неговите брифинзи.

-Не навлегувам во брифингот. Тоа што можам да кажам е дека на средба меѓу нашиот министер за надворешни работи продолжија разговорите за подготвка за отпочнување на разговорот во фаза која ќе биде предводена од Метју Нимиц. За ништо друго не сме разговарале освен за градење на доверба меѓу двете страни. Воопшто не е навлезено во разговори за суштествени прашања поврзани со проблемот. Лично јас не сум подготвен да разговарам за идентитетски прашања поврзани со нашата земја – изјави Заев.

Тој очекува Македонија да отпочне преговори со Европската унија на пролет, кога ќе се дискутира за проширување на унијата. Со решавање на спорот за името, додаде Заев, автоматски и се отвораат вратите на Македонија.

-Нема да дозволиме нешто што би се коментирало како провокација од наша страна. Сакаме да бидеме подготвени за решавање на овој чувствителен проблем. Верувам дека Македонија треба да биде подготвена и во средината на 2018та логично е да очекуваме нови идеи од медијаторот на кои двете страни ќе разговараат – додаде тој.

Поврзани новости