На осумгодишниот Илија итно му е потребна операција на мозокот

by fokus

Малиот Илија Петков од Демир Капија има само осум години, а треба да води тешка борба со болеста која му е дијагностицирана. На Иле му е дијагностицирана малигна неоплазма на рбетен мозок, поради што е неопходна итна операција која чини 15.000 евра.

-За жал не можеме да ја поделиме болката на Иле, но можеме да му овозможиме шанса за побрзо опоравување. Секој денар е добредојден…за секој од нас ситница но од сите заедно големо дело, се вели во повикот за донација.

Тел. VIP – 143461

Тел. Telekom 070 143117

или 210501665882802 НЛБ Тутунска Банка Ѓурѓица Петкова

Поврзани новости