На Диме Спасов цел ден му фаќаат сеир: „Курир“ го прошиша и Спилберг

by fokus

Осудени криминалци со албанско етничко потекло со дебели полициски досиеја го нападнале и следеле возилото во кое се превезувал Диме Спасов, објави „Курир“ кој вечерва е во спасувачка мисија на заменик дополнителниот министер Спасов со неверојатно сценаријо – го прошишаа и Стивен Спилберг.

Диме Спасов, како што денеска соопшти МВР, откако предизвикал две сообраќајни незгоди, побегнал, а наместо него лицето М.Т (инаку шофер на Спасов) дал изјава на полицијата дека тој го управувал службениот „туарег“.

„Курир“, не објаснува зошто Спасов, ако веќе бегал од тешки криминалци, решил да бега и од полицијата. И зошто, неговиот возач М.Т. тврдел дека тој го возел службеното возило. Кого бркале криминалците – Спасов или М.Т ? – на овие прашања, нема одговор во попладневната приказна за доживувањата на заменик министерот, пренесени во порталот „Курир“:

„Возилото во кое бил Спасов било следено од возило „пасат“ управувано од Даут Динарица кој во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Даут е и осуден насилник и тоа токму поради тепачка користејќи и оружје. Тие го пресретнале возилото во кое се превезувал Спасов и сакале насилно да го застанат“, пишува „Курир“ и додава дека сопатник му бил Омер Аџами зад кој исто така имало криминални дела на тешки кражби и помагање во други кривични дела“.

„Курир“ тврди дека познатата скопска криминална група важела за блиска до СДСМ.

„Дополнително во текот на бркотницата на два пати откако возилата подзастанеле на скопската раскрсница,  познатите криминалци со тупаници удирале по возилото во кое се превезувал Спасов заканувајќи се дека ќе го убијат“, пренесе порталот.

ФОТО: Твитер

Поврзани новости