МВР: Живаљевиќ бил во Собранието два часа на крвавиот четврток

by Fokus

Горан Живаљевиќ два часа бил со Законодавниот дом, на 27 април, односно на крвавиот четврток, информираат од МВР.

– ОЈО Скопје е известено во врска со утврдување на присуство на странски државјанин во Собранието, а се однесува на две кривични дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Од извршениот преглед на доставените видео материјали констатирано е дека се работи за Г.Ж. српски државјанин – известуваат од МВР.

Притоа, утврдено е дека лицето во временскиот период од 22:04 до 00:11 минути е присутен внатре во Собранието.

Поврзани новости