МВР го утврди идентитетот на лицето кое ги нападна новинарите од НОВА ТВ

by fokus

Триесет-и-осум годишен скопјанец со иницијали А.Б. е лицето кое што вчера ги нападна новинарите од порталот НОВА ТВ кои го снимаа собирањето потписи за петицијата против мигранти во општина Аеродром. Од Министерството за внатрешни работи велат дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, а во врска со основано сомнение за сторено кривично дело – “насилство“.

„Министерството за внатрешни работи е одлучнo во намерата да ја прекине претходната практика на неказнето напаѓање и попречување на новинари во извршување на нивните работни задачи“, велат од МВР.

Според записникот на Министерството, А.Б. најпрво го нападнал едниот новинар со насилно однесување, туркање на телефонот со кој снимал и со влечење и виткање на раката, а потоа и другиот новинар, односно снимател (со удар во камерата со која снимал, додека тие биле на службена задача –  покривање на настан на граѓанската иницијатива за собирање на потписи против изградба на бегалски кампови.

Поврзани новости