ММФ го повлекува својот претставник од Македонија

by fokus

Во втората половина на август кога ќе заврши мандатот на актуелниот претставник Патрик Гитон, ММФ нема да назначи нов претставник во Македонија, соопштија денеска од ММФ.

Оваа одлука била донесена откако било земено во предвид тоа што Македонија одамна нема склучено аранжман со ММФ, па со тоа присуство на претставник на теренот станува помалку потребно.

Од ММФ соопштија и дека локалната Канцеларија во Скопје ќе продолжи да функционира како врска за комуникација меѓу ММФ и земјата.

Поврзани новости