Младите во БЕСА му вратат грб на Касами

by fokus

Билал Касами и крилото што стои зад него, ќе го тужи Неџбедин Каремани и неговите соработници, за отворањето на паралелно партиско седиште во Тетово, за злоупотреба на името на партијата, симболите и дел од печатите. Во меѓу време и двете страни работат на организирање на конгресот закажан за 21 февруари. Билал Касами веќе ја најави својата повторна кандидатура.

Внатре во партијата, пак, се повеќе членови му вратат грб Касами. Младинскиот форум на БЕСА даде целосна поддршка за привремениот претседател Неџбедин Кахремани, на одлука донесена на состанок во тетовското седиште.

Главните заклучоци на Младинскиот форум на БЕСА се дека досегашното раководство мора да понесе одговорност за поразот на локалните избори, блокирањето на органите на партијата, како и непочитување на волјата на мнозинството.

Поврзани новости