Младата фудбалска репрезентација ги постигна првите голови на Европско првенство

by fokus

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешно со репрезенацијата на Србија. Крајниот резулат гласеше 2-2, а овие два гола беа први што македонската репрезентација ги постигнала на едно Европско првенство, со оглед на тоа дека е и прво учество во историјата.

Србија прва поведе во 24-та минута со голот на Гачиновиќ, а судиите не го досудија офсајдот во зачетокот на акцијата. Македонските фудбалери во второто полувреме за преземаа иницијативата и во 64-та минута Барди го израмни резултатот од пенал. Тоа беше и првиот  гол на Европско првенство за нашата репрезентација.

Потоа, македонските млади фудбалери направија и целосен пресврт со прекрасниот гол на Никола Ѓорѓев, но Србите израмнија во 90та минута.

ФОТО: www.gol.mk

Поврзани новости