Мицковски: Не се согласував во се со Груевски додека тој беше лидер а јас секретар на ВМРО

by Фокус

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Телма по изборот на нов Извршен комитет на партијата изјави дека не се кандидирал по налог и сугестија на поранешниот лидер Никола Груевски, туку на барање на негови соработници.

-Политиките во периодот што следат треба да ја дадат конјуктурата и траекторијата по која ќе се движам јас како претседател, но и ВМРО-ДПМНЕ во целина, па да оставиме времето да покаже и тогаш да споредуваме – рече тој во однос на идното делување на ДПМНЕ.

Мицковски истакна дека не се согласувал во се со неговиот претходник додека тој беше генерален секретар, а Груевски партиски лидер.

Поврзани новости