Мицковски му кажал на Орбан дека власта во Македонија ја загрозува слободата на медиумите

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, Виктор Орбан.

-Без разлика што делува како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги користи сите свои контакти и пријателства за промоција и и забрзување на евро-атланските интеграции на Република Македонија.
Претседателот Мицкоски го информираше г-динот Орбан за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, потенцирајќи дека власта врши политички терор врз своите неистомисленици. На средбата беше посочено дека Македонија назадува и на економски план и на полето на демократијата со целосно нарушен систем на владеење на правото како основен столб на здравото општество. Како посебен проблем беше разговарано и за слободата на медиумите кои се под притисок во врска со критичкото опсервирање на владините политики, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од паријата додаваат дека Орбан дал целосна поддршка за новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости