Мицкоски: Законот за јазици се става на седница на денот кога почна воениот конфликт во Тетово

by fokus

Токму на денот кога отпочна воениот конфликт во Тетово на дневен ред на парламентарна седница се става овој противуставен и неприменлив закон за употреба на јазиците, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната средбата со жители на Конче. Тој уште еднаш повика да надвладее разумот и да не се гласа Законот без расправ апо амандманите.

-Ова не смее да се дозволи. Лошо ќе влијае врз Република Македонија, за нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница, но и пред домашната јавност. За последен пат повикувам за разум – да се избегне едно девијатно однесување во парламентот и насилно усвојување на овој закон. Повикувам на почитување на Деловникот, разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, којашто ВМРО-ДПМНЕ ја очекува. Се друго ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние коишто ќе го поддржат во таа постапка – предупреди Мицкоски.

Поврзани новости