Мицкоски за однесувањето на Груевски: При емотивни ситуации се случува реакција

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за денешното однесување на неговиот пратеник Никола Груевски кога тој тргна физички да се пресмета со Талат Џафери, рече дека при емотивни ситуации се случува реакција.

-Јас во текот на вчерашниот ден го предвидев сценариото кое Талат со поддршка на Заев ќе го спроведе во Собранието . Во состојба на емоции се случува реакција. Ова беше тежок ден за Собранието на Република Македонија, рече Мицкоски.

Поврзани новости