Мицкоски: Во САД лобиравме за интересите на државата и информиравме за политичкиот терор

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при неговата посета на САД, даде интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“ во кое рече дека на средбите лобирал за интересите на Македонија, но и дека ги информирал соговорниците на политичкиот терор кој се случувал во Македонија.

-Ги искористивме овие разговори и средби за да лобираме за интересите и да ги претставиме подобро интересите на Република Македонија пред овие влијателни луѓе за да можеме на вистински начин да ја доловиме атмосферата која што во моментов е во Република Македонија, но исто така моравме да ги информираме нашите соговорници и за политичкиот терор во Република Македонија, застојот во реформските процеси и назадувањето од аспект на економските реформи, рече Мицкоски.

Поврзани новости