Мицкоски: Владата ја задолжи Македонија за дополнителни 545 милиони евра за два месеци

by fokus

Во првите два месеца од 2018 година владата успеа да ја задолжи Република Македонија за дополнителни 545 милиони евра, рече денеска на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Или во просек успеа да го задолжи секое семејство во Република Македонија за дополнителни 1.000 евра. Она што повеќе загрижува е фактот дека овие пари со кои што ја задолжи Република Македонија, не се вложени во развојни проекти, како би гарантирале поврат на истото задолжување на среден и на долг рок. Вториот параметар што сакаме да го коментираме е растот на БДП. Во првите три квартала од 2017 година растот на БДП во Република Македонија е на ниво минус 0,4 проценти.  Доколку се анализира растот на БДП на светската економија тогаш можеме да дојдеме до следниот заклучок, додека светската економија бележи рекордни резултати и раст, ние мора да се задоволуваме со под просечни резултати, рече Мицкоски, заклучи Мицкоски.

Поврзани новости