Мицкоски и Ѓорчев на молитвениот појадок кај Трамп

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со членот на Извршниот Комитет, Влатко Ѓорчев, присуствуваше на 66-тиот молитвен  појадок кој во Вашингтон беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

-Настанот беше искористен за разговори со повеќе претставници на Белата Куќа, сенатори и конгресмени, како и влијателни политичари од целиот свет, со цел јакнење на стратешкото партнерство со САД и потврдување на заедничкото пријателство како и  лобирање за интересите на Македонија и афирмирање на целта за членство во НАТО, се вели во партиското соопштение.

Од партијата додаваат дека можноста за разговори била искористена за воспоставување на контакти на ВМРО-ДПМНЕ, објаснување на позициите по клучните прашања и пренесување на загриженоста за повеќе актуелни политички и економски состојби во Република Македонија, пред се поврзани со недостатокот на дијалог власт -опозиција за повеќе клучни прашања, политички мотивираните притисоци и економската стагнација која се одразува на стандардот на граѓаните

Поврзани новости