Мицкоски: Го гледам Заев несмасно пред судот кажува како го навеле да краде, небаре е мало дете

by Fokus

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на  средбата со граѓаните и членовите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Горно Лисиче истакна дека имаат работа со криминогена влада и власт која гледа само за личната корист, а Заев, според него,  не може да се извлече од скандалите кои сам си ги креираше.

-Го гледам несмасно пред судот кажува како го навеле да краде, небаре е мало дете, а во истата таа снимка кажува дека и од други барал средства по истиот принцип, за да им заврши работа на луѓето. Дефинитивно криминогеноста е заштитен знак на владата, рече Мицкоски.

Поврзани новости