Митревски: Благодарение на мене ССМ има заштеда од 18 милиони денари

by fokus

Досегашниот претседател на ССМ, Живко Митревски преку писмено соопштение го обвини новиот претседател Димовски дека лаже и потенцираше дека благодарение на него, ССМ враќала долгови и штедела.

-Во обидот да го скријат срамот од насилната смена  на легитимниот претседател на ССМ избран на Конгрес, оваа група потпомогната од институции на државата и власта во обидот насилно да го освојат ССМ за свои лични и партиски цели безобразно ја кријат вистината која се состои во следното: платата на претседателот на ССМ е помала од платите на поголемиот дел на тие претседатели на гранки. Истите тие сите кои живееат надвор од Скопје примаат надоместоци за одвоен живот или им се плаќаат кирии за станот. Преседателот на ССМ од 2010 до 2015 година согласно договорот за вработување примал плата од 40 илјади денари и имал права по колективен договор како и сите останати. Од 2015 година прима надоместок само за одвоен живот согласно колективен договор и закон како и сите други. ССМ како репрезентатаивна организација и СИНАК има околу 70 вработени, поседува две коли и има синдикални канцеларии во сите поголеми градови во РМ. За разлика од ова поголемиот дел на групата на синдикални пензионери околу Димовски во гранските синдикати имаат по три вработени лица и замислете имаат не повеќе ни помалку како на пример, во Агро синдикат две возила, СУТКОЗ едно, УПОЗ две, СИЕР пет возила. За време на Митревски вратени се над 32 милиони денари долг, вратени се петте заостанати плати кои тогаш ССМ не можеше да ги плати. За време на Митревски редовно се примаа плати, а денес на сметката како резултат на крајното домаќинското работење има над 18 милиони денари заштеда. За разлика од ова сите сејачи на невистини имаат долг кон ССМ повеќе од 12 милиони денари кои не ги уплаќале кон ССМ и ги трошеле. Борбата на оваа група на синдикални демагози е борба за освојување на имотот и зградата на ССМ и борба како да се спречат најавите на Митревски за остварување на дополнителните барање на работниците на барањата за зголемени плата во јавниот сектор, полицијата, одбраната, администрацијата и  правосудството за колективен договор во јавниот сектор, за нови прифатливи услови за пензиски стаж и слично. Оваа група не може да го скрие ни срамот за кршење на вратите во канцеларијата во кабинетот на претседателот на ССМ, крадење и подметнување на документи, дипломи за завршено образование, книги, паричници и лична документација што е невидено насилие во синдикализмот. Членовите на ССМ крајно го осудуват и забранувањето за влегување на вработени во ССМ и автономни синдикати со злоупотереба на службената положба и овлстување на самопрогласениот Димовски и неговата група за кршење на демократските права и слободата на движење ќе бидат поднесени повеќе кривични пријави, вели во писмената изјава Живко Митревски.

Поврзани новости