Миноски: Веста за јавниот долг е политички мотивирана

by fokus

Министерството за финансии демантира дека јавниот долг на Република Македонија надмина пет милијарди евра. Министерот Кирил Миноски утрово во соопштение испратено до медиумите, обвини за политички мотиви за објавување на овој податок, кој го регистрираше интернет страната Јавендолг.мк.

Според сајтот јавниот долг изнесува 53,22 проценти од БДП, а според министерството, вистински се само бројките објавени на нивната веб страна. Тие ја демантираат и информацијата дека минатата недела ја промениле методологијата за пресметка на долгот. Тврдат дека тој изнесува 4,71 милијарда евра или 47,8 отсто од БДП.

Како и да е, експертите се децидни дека без разлика дали долгот го преминал прагот на фантастични 5 милијарди евра или не, многу поголем проблем е што задолженоста рапидна се зголемува, а парите се трошат непродуктивно.

Поврзани новости