Министерот за одбрана ја посети границата

by Фокус

Министерот за одбрана Јолевски, заедно со министерот Тодоров и со заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков остварија посета на македонско-грчката граница, каде се поставуваше жичена ограда за насочување на мигранти до пунктовите за регистрација и хуман третман.Тројцата министри го  посетија шаторот каде се сместени лицата кои имаат приоритет, односно мајките и децата и лицата со инвалидност, за да се утврди можноста за нивен поинаков третман од останатите мигранти кои се нарекуваат економски.

Во саботата околу пладне мигрантите незадоволни  од тоа што армијата започна да грева ограда фрлаа камења кон полицискиот кордон кој ја обезбедува котата 59, при што 18 полицајци се здобија со повреди. Освен преставниците на ВМРО ДПМНЕ, и министерот за полиција, Спасовски беше во посета на границата за да ја провери состојбата на терен, како и здравјето на повредените полицајци.

Поврзани новости