Министерката Јанкулоска се заблагодари, но не објасни зошто си дава оставка

by Фокус

Во очекување на официјалната оставка на министерката за внатрешни работи Гордана Jанкулоска, таа се обрати на својот фејсбук профил:

„Во изминативе години не штедејќи време и енергија работев професионално и посветено секогаш раководејќи се од интересите на граѓаните и пред се раководејќи се од интересите на Македонија.  Му благодарам на Премиерот Груевски за дадената доверба, на моето семејство и пријателите за разбирањето и поддршката и на најдобриот тим, моите соработници од МВР со кои беше задоволство да се соработува секогаш во интерес на Македонија!“, напиша министерката Јанкулоска.

Поврзани новости