Милошоски: Заев сака да стави свој партиски послушник за јавен обвинител, за да не одговара за поткуп

by Fokus

Тоа што тврдат дека Марко Зврлевски нестручно си ја вршел работата е тоа што стручно го фатил градоначалникот на Струмица, Зоран Заев со поткуп и баш од тие причини сака да го разреши, истакна од собраниската говорница Антонијо Милошоски.

– Тој јавен обвинител има се, што е барано поткуп, колку е барано. Заев сака да го разреши побрзо затоа што мора да одговара за тоа што го направил. Тој сака да стави свој послушник за јавен обвинител за да не одговара. Со овој јавен обвинител не може да докаже дека не барал покуп. Неговата вина е што стручно го уловил премиерот како бара 163 илјади евра. Ваквиот однос кон јавното обвинителство е само партиски реваншизам – тврди Милошоски.

 

Поврзани новости