Милошоски предложи 5 точки кои треба да бидат вклучени во Договорот со Бугарија

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, од собранискиот прес-центар рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат сериозни забелешки на договорот со Бугарија и предлози како би требало тој да се надгради и подобри.

Тој предложи пет точки што треба да бидат вметнати во договорот:

– Дали македонскиот народ ќе биде споменат во договорот? Ако е тоа договор на добра волја, тогаш би требало македонскиот народ да биде споменат и да стои во договорот.

– Дали македонскиот јазик ќе биде споменат во договорот? Со тоа се става посебност на јазикот како различен од бугарскиот.

– Дали премиерот Заев е подготвен да го потпише договорот со кој се обврзува да се грижи за Македонците надвор од државата?

– Јасно разграничување на делот на заедничката и делот на посебноста на историите меѓу двете држави.

– Забележана е асиметрија на права и обврски во договорот. Повеќе права има за бугарската страна, а повеќе ограничувања за Македонија. Договорот треба да биде со симетрични придобивки за сите страни, изјави Милошоски.

Според него, доколку овие препораки бидат вградени, договорот ќе биде поддржан од Коалицијата „За подобра Македонија“. Милошоски додаде дека во партијата има расположение за повторна средба со Заев за да се разговара за ова прашање, но вели дека забелешките и препораките што ги дале се категорични и нема отстапување од нив.

Поврзани новости