Милошоски: На СЈО му посакуваме се најдобро, до јуни!

by fokus

Откако американскиот амбасадор Џес Бејли во интервјуто на Сител, порача дека меѓународната заедница бара продолжувањето на мандатот на СЈО, со оглед на обемот на материјалите кои ги истражуваат, со реакција се огласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе наредниот ден во истата телевизија интервју имаше Антонио Милошоски кој порача дека нема да дозволат продолжување на мандатот на оваа институција, кој завршува во јуни.

– Ние остануваме доследни на тоа дека СЈО треба да работи на таков начин како што беше договорено. Мандатот истекува во јуни и ние им посакуваме сè најдобро до јуни, да видиме колку се спосособни и што можат да докажат, а колку работа има во СЈО добивме одговор од самата институција. Јанева имаше две обвинителки кои ги избрка од работа со образложение дека во СЈО нема потреба од толку обвинители, бидејќи нема доволно работа. Ако нема толку работа, значи нема потреба од продолжување на мандатот – изјави Милошоски.

За продолжување на мандатот на СЈО потребно е двотретинско мнозинство во парламентот.

Поврзани новости