Милошоски: Министер на СДСМ се јавил кај неколку пратеници со барање да се одложи комплетирањето на ДИК

by fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека власта се обидува да го опструира изборот на нови членови на Државната изборна комисија, откако старите си поднесоа оставки.

Милошоски на својот фејсбук профил објави дека на денешната пленарна седница во Собранието, по барање на власта, ќе биде одложена точката за објавување јавен оглас за нови членови на ДИК.

„Во меѓувреме стигнале нови наредби од извршната власт до владејачкото мнозинство; министер од редовите на СДСМ се јавил кај неколку пратеници и побарал
1. Пратениците да гласаат против одлуката за комплетирање на ДИК или
2. Пратениците од владејачкото мнозинство да ја симнат точката за ДИК од дневен ред или
3. СДСМ и ДУИ да ја поместат точката за ДИК подолу и пред истата да дојде на ред седницата да се прекине и да презакажувањето на истата да се одолговлекува.
Денес предлог одлуката за ДИК е втора точка на дневен ред во 12ч. Според однесувањето на пратениците од власта ќе може да за оцени дали пратениците или Владата го управува и Собранието и кому би му одговарало ДИК да биде некомплетирана и нефункционална“, вели Милошоски.

Поврзани новости