Милиќевиќ во Скопје: За Верица, и облечен во вода ако треба!

by fokus

Поп пејачката Верица Пандиловска сними спот за нумерата ,,Нема да остареш’’ која што е дел од нејзиниот нов албум.

Позната како личност која што сака да и приредува изненадувања на својата публика, овој пат таа се решила за докажана екипа со која што ќе соработува – познатиот балкански фотограф и режисер Дејан Милиќевиќ и стилистот Сергеј Варошлија. Спотот се снимал на повеќе локации, во ,,Буши ресорт и спа’’, во претседателскиот апартман, во градината и во спа центарот. Пандиловска вели дека со нетрпение чека спотот да биде готов, и заедно со новата фото сесија, но и албумот, да биде промовиран.

„Дејан секогаш знае како да го извлече најдоброто од мене. Тој ми е пријател и соработник долги години, и снимањето помина во една опуштена атмосфера. Без проблем се согласи да дојде од Србија и заедно завршивме добра работа. Песната за која што снимавме е дел од мојот втор албум насловен ,,Само за тебе’’ кој што официјално сеуште нема доживеано голема промоција. Имав многу обврски, но ќе речам дури и од немукает, некако не стигнав да го промовирам. Сега, кога ќе бидат готови новите фотографии и спотот, обожавателите можат да очекуваат голема промоција и еден вид на мое враќање на сцената“ – вели Верица, која што за потребите на спотот го вовлекла и режисерот во вода.

Таа е присутна на естрадата со години наназад. Зад себе има над 30 синглови. Позната е по специфичниот глас, но и по негуваниот и префинет изглед.

Со сопругот Ѕвонко Гичев во брак се околу осум години, а пред тоа имаа десет годишна врска. Тој и е голема поддржка во кариерата и честоо ја следи на нејзините настапи и снимања.

Вики Клинчарова

Поврзани новости