Милевски: Не планирам да го менувам курсот на ЛДП

by Фокус

Единствениот кандидат за претседател на ЛДП, Горан Милевски, вели дека доколку биде избран за оваа функција на претстојниот партиски конгрес на почетокот на следната година нема да го менува генералниот стратешки курс на партијата.

Оваа изјава доаѓа по вчерашната порака на се уште актуелниот партиски лидер Андреј Жерновски, кој рече дека иако заминува од челната позиција, не се повлекува од партијата и секогаш ќе се бори против тоа либералдемократите да коалицираат со „режимот на Никола Груевски“.

– Со Жерновски не сме имале конфликти и недоразбирања, но сите не изненади оваа изјава. Никој досега не иницирал дебата за промена на курсот на партијата, за ова да биде одговор кон такво нешто – вели Милевски.

Тој е единствен кандидат за претседател на партијата, верификуван од страна на Централниот одбор, додека статутот допушта можност за кандидирање и пред самиот конгрес, само со поддршка на 15 отсто од вкупниот број од околу 300 делегати.

Поврзани новости