Мијатовиќ го осуди нападот врз Саше Ивановски

by Фокус

Претставничката на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, го осуди вчерашниот напад врз новинарот Саше Ивановски во Скопје.

„Ова е најновиот во серијата инциденти на насилство и закани насочени кон новинари. Овој растечки тренд на насилство врз припадниците на медиумите мора да се спречи и затоа ги повикувам властите веднаш и целосно да го испитаат бруталниот напад на Ивановски“, напиша Мијатовиќ.

Таа потсети дека вчера вечер сопственикот на интернет порталот Мактел, Саше Ивановски беше брутално нападнат и претепан од страна на две лица.

„Се здобил со повреди на главата и грбот, при што била побарана медицинска помош. Ивановски го пријавил нападот во полицијата, истакна Мијатовиќ.

Поврзани новости