Мијалков: СЈО е продолжена рака на СДСМ

by fokus

Откако вчера беше повикан на распит, во Кривичниот суд, како осомничен во случајот „Трезор“, поранешниот директор на УБК, Сашо Милајков, се огласи во јавноста коментирајќи ја работата на Специјалното јавно обвинителство.

– Toa што го направи СЈО со последниот случај е истото што го говориме подолг период наназад. СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ и има единствена цел неосновано да дискредитира луѓе од раководството на ВМРО ДПМНЕ кои Заев ги гледа како конкуренција на која што не може да и парира, вели Мијалков за Press24.

Во случајот „Трезор” осомничени се тројца разузнавачи на високи функции во УБК и еден од МВР. Тие се товарат дека се богателе со буџетски пари и проневериле 862 илјади евра преку серија договори и анекси со кои била претплатувана опрема за шпионирање, а парите легнувале на фирмата „Финзи дооел“.

Поврзани новости