Меркел и Ципрас ќе разговараат за името денеска во Брисел

by fokus

Прашањето за името на Македонија ќе биде на дневниот ред на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел што ќе се одржи денеска во Брисел во рамките на неформалната средба на 27-те земји членки на ЕУ, објави грчкото издание „Зунгла“, пренесува МИА.

Според весникот, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев Меркел изразила став дека „ситуацијата во Македонија е смирена во голем степен и дека земјата е навлезена во фаза на стабилизација. Се одбележува и дека по разговорот со Заев, германската канцеларка добила впечаток дека неговата Влада ја сели „амбициозната реформска програма“ и дека „полага напори за да ја реализира“.

Прашањето со името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас – Меркел, што се случи еден ден пред посетата на премиерот Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка, потвдија од кабинетот на Ципрас.

Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел и ја потенцирал потребата за конечно решение во спорот, со промена на уставното име на соседната земја“. Според истите извори, грчкиот премиер и германската канцеларка се договориле да се сретнат во петок во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Поврзани новости