Mercedes-Benz електромобилот на македонецот Таневски, главна атракција на саемот во Франкфурт

by Fokus

Македонскиот дизајнер Славче Таневски со нов, досега втор Mercedes-Benz автомобил целосно дизајниран од негова страна,именуван како Concept EQA, кој утринава е премиерно претставен на саемот во Франкфурт.

Concept EQA е прво електрично возило на Mercedes-Benz во компактната класа и е придвижувано од два електрични мотора поставени во предниот и задниот дел на возилото со вкупна моќност од над 200 KW.

Опсегот на движење со помош на батеријата е околу 400 километри, во зависност од капацитетот на инсталираната батерија.

Овој напреден автомобил премиерно претставува и сосема нова, иновативна технологија на ласерски светла, со специфичен изглед.

„Нашата иницијатива за електрични возила постепено се зголемува. До 2022 година, Mercedes-Benz ќе лансира повеќе од 10-тина електрични возила, а новиот модел Concept EQA е доказ за сериозноста во намерите на Daimler за производство на електрични возила“, изјави првиот човек на Mercedes-Benz, д-р Дитер Цече.

На саемот за автомобили во Франкфурт, Mercedes-Benz го претстави и првото возило во светот, GLC F-CELL, кое како погон користи комбинација од струја и водород. Со количина од само 4,4 кг водород, ова возило е во можност да прејде 437 км, како и дополнителни 49 км со помош на струја од батеријата. Новиот GLC F-CELL ќе има моќност од 147 KW.

 

Поврзани новости