МЕРАК МИ Е МАЛЕ, ИЗБОРИ ДА ИМАМ! (па после на Струга дуќан, де!)

Пишува Агим ЈОНУЗ

Аирлија нови избори, бре, народе! Не реков стоко, не ми инсинуирајте! Ја не сум крив што гласаш на избори како што гласаш, а после јадеш бурек и пцуеш мајки и шајки. Што гласаш, тоа ќе добиеш. Тоа што си мајмун, па убацуеш ливче колку да се каже дека си исполнил граѓанска должност, никој не ти е крив.

Додуша и ти си за жалење, своето мислење си го оставаш за дома, а гласаш за оној што или те стиснал за јајца, или те уплашил, или те уценил, или те купил, или ти обеќал нешто, а ти како бел мајмун уште му веруеш. Или на крај краева, богами, ако добро си се уновчил, па зошто би немал став дека досегашната власт е најбоља у свет. И ја би играл така!

На крајот на краиштата, глеј кај ти е интересот и бутај напред. Држава! Ма која држава бре, глеј фрижидер! Па, ни ти не си крив дека после дваесет и кусур години така те натерале да мислиш дека се гради држава. Тепај ги со нивно оружје.

„ПА ОНДА КАЖЕ‘‘

Ново распишаните локални избори дојдоа „ко кец на еданаес“ за политичките партии да ги испонабутаат како советници сите оние на кои за парламентарните избори им ветуваа ова-она, а сега се караат по партии зашто Курто, а не Мурто да биде директор или функционер. Е па нема место у власт бре народе за сите оние од поворката што секоја вечер се собираше у шест попладне пред СЈО, па ај со бога напред.

Кој се убутал – убутал, кој попушил- попушил, тебе не ти е крив никој што тебе ти останала само свирката у уста од протестите. Свирка е тоа бе! А ништо? А? Једино ти останува да видиш да брцнеш у џеб да не ти останало малку од сончогледот што го грицкаше, а кој, бај д веј, сам си го плати. А вода ако ти се припие, ене ти у паркчето има фонтаничка.

Свирај и даље у таа пиштаљка и немој да ја фрлаш зашто ништо чудно догодина да ти треба пак. За не дај боже, заедно со кубурата како на оној скеч на К-15.

А ЗОШТО ТОЛКУ САРКАЗАМ, ЦИНИЗАМ, ГНЕВ?!

Ајде да размислуваме вака. Локалните избори имаат сосема поинаква тежина и амбиент од парламентарните. На едно друго поинакво ниво партиите ќе се обидат да си ја етаблираат онаа машинерија која со нивото на власт што го имаат ќе се комплетира контролата над се. Во Р. Македонија се одигрува една деинсталација на претходната власт, која толку многу навлезе во сите пори, што само наивен човек може да рече дека сѐ ќе оди лесно и без проблеми.

Која будала тек така ќе се откаже од моќта, грнињата со мед, привилегиите, полудовршените градби, бизниси и сето она што го чини локалниот моќник тоа што е! Локалната власт прави бегови, за разлика од парламентарните кои прават Паши, но сето тоа е „прдење у иста тиква“, да простите. Оној одозгора не може без оној „оперативец“ долу, овој без него не може исто ништо.

И кога ќе видиш, битката за преземање на власта допрва се разгорува. Во првата фаза се симна Грујо. Кој треба да се симне во втората? Круме берберот! Најтешкото, а тоа се локалните бегови, кои ако треба ќе ти е.ат све по списак само ако не ги оставиш да си функционираат. Сите оние кои во меѓувреме станале сопственици на локалната душа, на сѐ што може да се купи, продаде, изгради, заебе, проневери, изманипулира. Сопствениците на секојдневието.

Сите оние креатори на амбиентот на улицата во која некој за „две симит погачи“ затворил уста ако патот наместо лево свртил десно или ако не прашува многу зашто у паркот никнала авто перална наместо трева. Пабло Ескобар гомна да јаде (с‘ опроштење, де).

А КАДЕ СО КРИМИНАЛОТ НА ЛОКАЛНО НИВО?

Појма немам. Така викаат дека имало. Сеа на криминалот ќе му онакват сѐ живо викаат. Аа? Е тоа ќе почека малку. Зашто ако рибата смрди од кај главата, тогаш имаме сериозен поблем да се расчистува опашката, а главата уште мрда.

Локалната власт има сериозен проблем за кој сѐ уште никој не отворил суштествена тема за дискусија. Скопје, а и останатите градови, имаат сериозен проблем со демографската миграција село – град. Дали сме свесни кои ропаци, без трунка емоција кон средината што ја управуваат, ја уништуваат душата на секојдневието, кое секако треба да има своја традиција што се негува, која се гради и треба да остава траги на социјално – урбана позитивна еволуција.

Политиката уништи страшни души олицетворени во места каде од искона една бандера стоела лево, а новите градоначалници и моќници за да си изградат згради ја преместуваат „богу иза леѓа“. Парафразирам. Зашто би имал емоција кон општината некој чобан што вчера се доселил од Свирипичино, станал градоначалник, го боли онакво за локалната традиција и историја.

Ајде, еве набројте ми колку претседатели на општини, колку градоначалници и локални фраери водат локална политика во средини од кој немаат ни „К“ од  локално семејно традиционални корени. Голта овој народ се, бре! Не реков стока! Не ми инсинуирајте.

IT’S ALL ABOUT MONEY AND POWER!

Чиј бизнис ќе продолжи да цвета, а кому која мајка „црну вуну плете‘‘? Ќе видиме на избори. Ама евидентно е тоа што народот сака промени. Е, ќе добиеш промени – стап!  Кој и да дојде, тебе паркот веќе ти е унаказен, сонцето те удира у мозак зашто дрворедите се исечени у твое маало, а ако мислиш дека е вистина кога ќе ти кажат дека со нивното доаѓање ќе тече мед и млеко, тогаш ти не да си Зевзек, него си мајмун ‘‘ од главе до пете‘‘.

А бре, животот ќе си тече и понатаму како река, а ти само ќе го смениш соговорникот на шалтер, оти тој новиот под нормално ќе смени сѐ од вратар до шофер. Ти и понатаму ќе го пцуеш поштарот кога ќе ти носи решенија од извршител и ќе мењаш бандажи, кои ќе ги кршиш по дупките на патот кои одма ќе излезат на видело затоа што овие сеа што ги гледаш дека ги покриваат се само „мачкање очи‘‘.

А новите работни места кои ќе ти ги вети евентуалниот нов градоначалник можеш да ги ставиш одма под точка „дрш‘ ми го Маре гајтанот‘‘. Кризата ќе потрае и ќе има 2 фази … чистење стари кадри со убаво прочешлување „која чорапа на која нога иде“, а после у втора фаза (Copy – Paste) ќе се инсталира нова чесна гарнитура, која нема да гледа, ама баш ништо, освен како да си го обели образот и да ја оправда довербата на стара ми мајка, која (не е она крива, стара е) верува дека уште има пролетери и луѓе кои веруваат у идеологии па се мешаат у политика за да светнат поубава иднина. Оф мори мајкоо, умреа партизаните!

У Македонија се негувале идеологии! Ааа?

Слушам таму некој се дере – Се негува „муда марјанова“!