Маж се разнесе во Црна Гора откако претходно фрли бомба во амбасадата на САД

by fokus

Фото: Vijesti.me

Непознат сторител околу полноќ фрли бомба во амбасадата на САД во Црна Гора, за потоа сам себе да се разнесе пред дипломатското претставништво. Се уште не е познат мотивот за нападот.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, станува збор за бомба-кашикара, а зградата на амбасадата не е оштетена.

„Половина час по полноќ, пред објектот Амбасада на САД, едно лице изврши самоубиство со експлозивна направа. Непосредно пред самоубиството тоа лице, од раскрсницата кај Спортскиот центар, во кругот на Амбасадата фрли една експлозивна направа. Најверојатно станува збор за рачна бомба, кашикара“, стои во соопштението на црногорската Владата, објавено на Твитер.

Поврзани новости