Машинскиот персонал повторно на штрајк, министерот Сугарески се сретна со синдикатот

by Fokus

Машинскиот персонал на МЖ Транспорт денеска повторно започна со штрајк, откако им доцни исплатата на платата и нејзино селективно зголемување на дел од вработените.

В.д директорот, Игор Коруновски при претходниот штрајк вети дека овие барања на синдикатот ќе бидат исполнети.

Според Душко Чакаровски, претставник на Машинскиот персонал, тие бараат зголемување и урамнотежување на коефициентот на сите машинисти, процентите на додатокот на плата, за работа ноќно време и работа за време на викенд и празници, кои им се одземени пред десет години.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со Синдикатот на машинскиот персонал при МЖ Транспорт АД Скопје како и со генералниот директор на МЖ Транспорт АД Скопје во однос на прекинот со работа на дел од вработените во компанијата.

На средбата се разговарало околу настанатата состојба со доцнење на платите како и за другите барања на Синдикатот при МЖ Транспорт Скопје.

Поврзани новости