437
Вработените во Македонски железници АД Транспорт одбиваат да ги извршуваат работните задачи се додека не им биде исплатен вториот дел од октомвриската плата. Од ноќеска на полноќ не сообраќаат патничките возови, по блокадата на товарниот железнички транспорт што почна вчера наутро.
Машиновозачите велат дека утринава е тргнат само возот од Скопје за Гевгелија. Најавуваат дека протестот со блокада на сообраќајот ќе трае до исполнување на нивното барање.