Марш на „Црвените чадори“ против насилството врз сексуалните работници

by Fokus

Во Скопје на улица „Македонија“, денеска по десетти пат се одржа марш на црвените чадори, во рамки на меѓународниот ден „Стоп за насилството врз сексуалните работници“, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.

Претставници на организацијата посочуваат дека во земјава има од 3.000 до 5.000 сексуални работници, кои секојдневно се изложени на насилство не само од клинетите, туку и од полицијата од која бараат заштита.

Сексуалните работнички со црвени чадори, облечени во долна облека и со маски на очите, денеска маршираа низ Скопје. Тие порачаа да престане насилството врз нив, а институциите и полицијата да ги заштитат. Апелираа да престанат предрасудите кон нив.

Поврзани новости