Маратонците го трчаат последниот круг

by fokus

Македонија се соочува со една од најголемите катастрофи во својата поновата историја. Народот се солидаризира и ја покажува својата хуманост, помага, донира, сочувствува. Голем број општини но и држави несебично ја нудат својата помош, финансиска, со знаење и човечки ресурси, но и неопходна механизација. Но, со овај трагичен случај на површина излегоа и многу немили сознанија, за цел еден нефункционален систем на владеење.

Она што не успеа опозицијата да го направи цела деценија, да ја покаже на дело целата неспособност на власта, и грдото лице на едно узурпирано општество, институции и медиуми, го стори едно невреме во само еден ден. Но, за жал со огромен број невино настрадани жртви од човечка небрежност, а потоа од временска непогода. И никој не ги обвинува властите поради невремето, туку поради последиците од него и причините кои довеле до тоа да има толкав број човечки жртви и материјална штета. А се можело да биде поинаку…

Кругот околу Груевски полека се стеснува, неговиот тим од доверба од ден на ден се преполовува. Имам чудно претчуство дека збунетоста на власта да се справи со последиците од поплавата не е случајна, како да се обидуваат да сокријат нешто. До сега ќе се организираа, ако беа фокусирани само на помоштта за најзагрозените подрачја и жители. Половина врхушка од власта им е по одмори, кој на море, кој во Рио, кој во илегала и претпоставувам, не можат да ги соберат сите и заедно, да се соземат од првичниот шок и неевидентираните починати да ги сокријат. Ги фати природата неспремни, немаат смислено сценарио за ваков случај.

Се плашам дека бројката на жртви од невремето е најмалце два пати поголема од првичната утврдена, 22-ца нестрадани. Веројатно затоа не им се дозволува на волонтерите на некои поплавени подрачја да влезат, да не видат и чујат нешто што не треба. А и да снимат влстите некој спот со режирни изјави од жители на поплавените подрачја за ефтин маркетинг и негирање на вина. А сомнителен број на неевидентирани починати и веќе погребани имало и во Арачиново, читам непроверени информации. Би сакала да не сум во право и стравот овај пат да ми е неоправдан.

Сепак, чудно ми е хаотичното и нефункционално однесување на надлежните да се снајдат првично и да им помогнат на жителите чии домови се поплавени. Да почекаме вистината да излезе на виделина, каква и да биде. Македонија тагува но и се солидаризира, помага, сочувствува и бара одговори.

Наташа Струмениковска, Фејсбук

Поврзани новости