МАНУ подготвува проглас за „што е Македонија и што треба да биде“

by fokus

Во Македонската акедемија на науките и на уметностите (МАНУ) во моментов се подготвува текст, со кој Академијата би се појавила во овој клучен момент и во кој би се дала „некоја контура за тоа што е Македонија и што треба да биде“, пренесува МЕТА. Академик Митко Маџунков вели дека „кога државата е во прашање, како што сега гледаме дека е, тогаш навистина мора да се реагира“.

Маџунков ова го изјави на телевизијата „Нова“, на прашањето зошто МАНУ не е поактивна и често избегнува да реагира.

-МАНУ е една сериозна и традиционална организација која не може така да реагира. Меѓутоа, кога ќе дојде до заострување, како кога државата е во прашање, како што сега гледаме дека е, тогаш навистина мора да се реагира и јас мислам дека во МАНУ сега моментално се дискутира за еден текст, ајде, да го наречеме, некое „начртание“, кое ќе даде некоја контура за тоа што е Македонија и што треба да биде, рече Манџуков.

Поврзани новости