МАНУ денеска одбележува 49 години постоење

by fokus

Македонската академија на науките и уметностите денеска одбелеужува 49 години од нејзиното основање. Во рамки на одбележувањето, ќе се одржи свеченост на која ќе се обрати претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, а ќе бидат прогласени и добитниците на меѓународното признание „Блаже Конески“.

Добитници се Суад Енѓулу од Република Турција за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската современа книжевност и култура на Балканот и во Република Турција и Душко Новаковиќ од Република Србија за посебен придонес во афирмацијата на македонската книжевност.

Во рамки на одбележувањето на 49-годишнината од основањето на МАНУ ќе се одржи научна конференција на тема „Високото образование и науката – состојби и перспективи“.

Поврзани новости