Манчевски: Негрижата на Трајановски и Груевски доведе до загуба на 20 животи

by Fokus

Скопјани не забораваат дека негрижата на Коце Трајановски и Никола Груевски доведе до загуба на дваесеттина животи во овој дел од градот, истакна на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

– Жртвите од поплавите на 6 август 2016 се директна последица на непреземање мерки за заштита од поплави, на немање на инвестиции во инфраструктура, како и погрешното дејствување за време на поплавата. Жртвите се директна последица на неразумното трошење пари на Скопје 2014, наместо во инфраструктура. Коце Трајановски знаеше дека постои План за заштита и спасување на Град Скопје од 2010 година каде градот беше јасно означен како „подрачје со огромна загрозеност од елементарни непогоди, а особено од поплави“. Тој знаеше дека мора да го заштити градот од поплави, но не го направи тоа – истакна Манчевски.

Според него, Трајановски не преземал мерки за реконструирање на ободниот канал и покрај јасната препорака за тоа во планот за Проценката на загрозеност на Град Скопје од 2008 година.

– Како Командант на градскиот штаб за спасување, Трајановски не го заштити Скопје од поплави и покрај свесноста од сливното подрачје на Вардар за што јасно се зборува во Проценка за загрозеност. Справувањето со последиците од поплавите се одвиваше бавно, хаотично и селектвино. Трајановски повеќе се грижеше за да го рекламира својот шеф Никола Груевски, за граѓаните – додаде Манчевски.

 

Поврзани новости