Малолетници од Тетово ограбиле девет цркви, мета им биле и домови на иселеници

by fokus

Фатени се двајца малолетници и еден 18-годишник од Тетово кои во текот на јануари и февруари извршиле 14 тешки кражби, од кои девет се во православни цркви, а пет во куќи на иселеници, кои привремено престојувале во странство.

Според полицијата тие се сомничат за тешки кражби во црквите во: селата Фалише, Радиовце, Туденце и во неколку црковни објекти во Тетово. Од црквите кои ги ограбиле во овој период одзеле 30.000 денари и две мали икони.

„Истовремено овие лица заедно со уште еден малолетник – М.А. (17) од село Озормиште, се осомничени дека се сторители и на петте тешки кражби во куќи на лице што времено се вработени во странство. Осомничените насилно влегувале во куќите и одзеле седум телевизори и разновиден алат, и подоцна украдените предмети ги продавале на други лица. Одземените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици. Против осомничените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од полицијата.

Поврзани новости