Макрадули ја презентираше Комисијата за следење на амбиенталниот воздух

by fokus

На денешната прес конференција одржана во прес центарот во Владата на заменикот министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, информираше дека Владата на вчерашната седница формирала Интересорска работна група, од повеќе институции за следење на состојбата на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

-Комисијата има за цел да помогне да се промени праксата во различни области, но и да се променат навиките на сите нас во насока на заштита и унапредување на животната средина. Областите во кои се предвидуваат препораки, мерки и акции за намалување на загадувањето се: домашните ложишта, јавниот транспорт, мерки за намалување на загаденоста од сообраќајот, градежништвото, индустриските капацитети, посоодветни и посовремени начини за третирање на отпадот преку примена на современи технолошки и иновативни решенија. Исто така ќе се преземат мерки и иницијативи за едукација и подигнување на јавната свест кај сите нас дека сите можеме да придонесеме за намалување на загаденоста во нашата средина, рече Макрадули.

Паралелно ќе се работи на подготовка на Нов национален план за заштита на амбиенталниот воздух.

Поврзани новости