Тозија нов директор на Агенцијата за филм

by fokus

На фотелјата на досегашната директорка Мими Ѓоргоска – Илевска во Агенцијата за филм ќе седне Горјан Тозија. Како што дознава Макфакс, причините и за оваа промена се бројните индиции за неправилности во работењето и „чудни“ и скандалозни одлуки во креирање на политики во домашната кинематографија од страна на Ѓоргоска -Илиевска.

Во последниов месец актуелен беше обидот на раководителката да го оттуѓи фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ од нејзиниот единствен основач и организатор и истиот да го преземе поединец со незаконски преземен бренд. Откако за ова беше информирано новото раководство во Министерството за култура, фестивалот и неговиот повеќедеценски организатор добија зелено светло за работа.

Поврзани новости