Македонци премрзнати на парискиот аеродром, поради невреме го испуштиле летот кон Скопје

by fokus

Педесетина Македонци ноќта ја поминале заглавени на парискиот аеродром, бидејќи поради невремето што го зафатило овој град, не успеале на време да стигнат и да се качат на летот за Скопје. Патниците ноќта ја поминале во сала во која немало греење.

Според нивните кажувања, тие тргнале на време, но поради невремето автобусот во кој се превезувале се движел многу бавно и задоцниле на летот. Сепак истакнуваат дека кога стигнале на аеродромот, авионот се уште не бил полетан, но не им дозволиле да се качат, па кон Скопје тргнал речиси празен. Следниот лет е денеска.

 

Поврзани новости