Македонски телеком ја кочи истрагата на СЈО?

by fokus

Најголем отпор во соработката за предистражната постапка за прислушувањето која ја води Специјалното јавно обвинителство доаѓа од Македонски Телеком, дознава НОВАТВ.

ВИП и ОНЕ соработувале, но од Телеком одбивале да бидат дел од истрагата на СЈО. Со оваа компанија обвинителството на Јанева засега нема никаква соработка, иако таа е неопходна бидејќи прислушувањето во најголем обем се врши преку следење на разговорите на мобилните телефони.

Главен оперативен директор на Македонски Телеком е Жарко Луковски. Тој е еден од аболираните од страна на Претседателот Ѓорѓе Иванов за кривичните дела „Повреда на слободата на определување на избирачите“ и „Повреда на тајноста на гласањето“.

Поврзани новости