Македонски кардиолог уапсен во Косово

by Фокус

Mакедонскиот кардиолог Борче П. денеска бил уапсен  во голема акција на косовската полиција, а со него се приведени уште осум лекари, кои се осомничени за злоупотреба на функцијата, јавуваат косовските медиуми.

Весникот „Експрес“, повикувајќи се на извор од полицијата, пишува дека единицата за борба против стопански криминал спровела поширока операција во Приштина и Пеќ, при која се приведени лица обвинети за злоупотреба на службената положба, а меѓу нив има лекари кои работат во болниците, но и на приватните клиники. Наводно, групата потпишувала договори за соработка за обезбедување здравствени услуги кои не се нудат во јавните здравствени установи во Косово, туку во тамошните приватни болници.

Меѓу злоупотребите биле и вградување стентови за што лекарите и болниците имале големи девизни побарувања. Агенцијата „Косова сот“ јавува дека некои од уапсените лекари немале дозвола за работа и за медицински интервенции на срце.

Кардиологот Борче П. е поранешен директор на Клинички центар и поранешен директор на Клиника за кардиологија во Скопје.

 

 

Поврзани новости