Македонија вгодина ќе биде на домаќин на самитот на лидери

by Fokus

Балканскиот регион мора да се врати на европската агенда и да се врати моќта на ЕУ да ги трансформира општествата на доброволен начин, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по состанокот со лидерите на Брдо- Бриони процесот што се одржува во Брдо кај Крањ во Словенија, јави известувачот на МИА.

Оваа година во септември домаќин требаше да биде Македонија, но како што рече Иванов, поради нашите внатрешни околности самитот се одржува во Словенија.

– Македонија ќе биде домаќин идната 2018 година за да се совпадне кога Бугарија ќе биде претседавач со ЕУ и да можеме сите регионални прашања да ги разгледуваме со претседавач од регионот – рече Иванов.

Поврзани новости