Македонија вчера ја издаде шестата еврообврзница со каматна стапка од 2,75 отсто, соопшти Министерството за финансии. Еврообврзницата е 500 милиони евра со рок на достасување од седум години.

„Ова е историски убедливо најниска каматна стапка постигната за која било од македонските еврообврзници како одраз на исклучително високата доверба кај меѓународните инвеститори за перспективите на македонската економија, како и поволните услови на меѓународните пазари на капитал. За споредба, каматните стапки на претходно издадените пет еврообврзници се движат меѓу 3,975 отсто и 9,875 проценти“, наведува Министерството.

Согласно Буџетот за 2018 година, приливите од евро-обврзницата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, односно за непречено редовно извршување на сите буџетски расходи, како и за отплата на претходните долгови, соопшти Министерството за финансии.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.