Македонија против насилство врз животните: Напладне протест на плоштадот во Скопје

by fokus

Анима Мунди денеска во 12,30 часот на плоштадот Македонија во Скопје ќе одржи јавен собир под мотото „Македонија против насилство врз животните!“.

Здружението заедно со граѓани, хумани луѓе и љубители на животни уште еднаш ќе побараат масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните – на улица, или во стационари како скопско Вардариште.

„Забрана на слободната продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот на сите. Полиција за животни под итно зошто е повеќе од очигледен фактот дека насилството врз животните е срам и обележје на Република Македонија. За насилниците казна затвор!“, вели Анима Мунди.

Поврзани новости