Македонија и Грција утре на нова средба за градење доверба

by fokus

Македонското и грчкото министерство за надворешни работи утре во Скопје ќе одржат седма рунда консултации како дел од Мерките за градење на доверба меѓу двете земји.

Се очекува во двете делегации учество да земат и претставници на повеќе ресорни институции.

Иднатa недела на 15 и 16 февруари министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Коѕијас и Димитров ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц во Софија, на нова рудна разговори за спорот за името.

Поврзани новости